
На денешниот спуст во Квитфјел (Норвешка), во рамките на Светскиот куп во алпско скијање, до втората овосезонска победа дојде Доминик Парис.
Италијанецот беше најбрз на патеката по шеснаесетти пат во спуст, односно по дваесет и трет пат во сите дисциплини.
На второто место се пласираше домашниот натпреварувач, Александер Омодт Килде (+0,55), кој е првопласиран во трката за малиот кристален глобус.
Откако вчера ја подели првата позиција со Камерон Александер, денес, Нилс Хинтерман го делеше и третото место со својот сонародник – Беат Фојц (+0,81).
Во продолжение, во првите десетмина завршија уште: Рајан Кохран-Сигл (+1,06), Винсент Крихмајер (+1,20), Џефри Рид (+1,39), Тревис Генонг (+1,42), Максанс Музатон (+1,42) и Јозеф Ферстл (+1,43).
Од својата богата кариера, пред домашната публика се опрости Кјетил Јансруд (+3,46), кој го зазеде педесет и второто место.