
Традиционално, новата АФЛ сезона, пред 88 084 гледачи на ,,Мелбурн Крикет Граунд”, ја отворија екипите на Ричмонд Тигерс и на Карлтон Блус.
Имено, после голема борба, двата ривали ремизираа со (8.10) 58-58 (8.10) при што, играчот на ,,Тигрите”, Џек Риволдт, влезе во историјата како единствен фудбалер со осум ремија во кариерата.
Од неговите соиграчи, најмногу се истакна Том Линч (3.3), кој беше најзаслужен за освоените два бода со голот во финишот, а втор стрелец беше Морис Риоли (2.0).
Карлтон ја имаше предноста на своја страна во првото полувреме, но му дозволи на Ричмонд да се врати резултатски во третиот квартал со серијата од 34-15.
Сепак, од редовите на номиналните гости, најефикасни поединци беа Чарли Карноу (3.0) и Хари МекКај (1.2).