Во недела од 15 часот се игра 21. коло од ВМФЛ. Во овој термин ќе се одиграат сите натпревари освен мечот помеѓу Воска и Пелистер кој е одложен за среда. Екипата на Караорман ова коло е домаќин против тимот на Кожув од Гевгелија.

Во пресрет на овој натпревар своја изјава даде еден од најдобрите и најискусните фудбалери на Караорман, напаѓачот Игор Клечкароски:
На првите два натпревари во пролетниот дел на домашен терен остваривме две важни победи. Исто и на овај натпревар одиме на победа да ја продолжиме победничката серија на домашен терен. Нема да биди лесно, но со голема борба, желба и подршка од нашите верни фанови да дојдеме до нови 3 бода. Воедно сакам да ги повикам верните наши навивачи во недела да дојдат во што поголем број да ни помогнат заедно да оствариме уште една победа.