
Манли Си Иглс поволно го искористија слободниот викенд и во третото коло од новата НРЛ сезона ги надиграа Парамата Илс со 34-30.
За домаќините, ова беше втор триумф во низа, додека гостите, неочекувано, влегоа во новото првенство со три последователни порази.
Мечот се состоеше од по две серии и на двете страни, пред да бидат постигнати вкупно четири есеи во последните десет минути.
Најдобар поентер на победничкиот состав беше Рубен Герик (7′) со едно положување и со пет прецизни шутеви, а од неговите соиграчи, топката во противничката енд-зона ја внесоа Том Трбојевиќ (25′, 51′), Бред Паркер (54′) и Хаумоле Олакау’ату (68′, 76′).
На спротивната страна, одговорен за шутирањето беше Митчел Мосес (3/6), а есеи имаа Клинтон Гатерсон (31, 43′), Мет Дури (34′), Маика Сиво (72′, 77′) и Џош Хоџсон (75′).
На табелата, Манли го зазема првото место, додека Парамата, заедно со Канбера Рејдерс и со Вестс Тигерс, е единствениот тим без бодови.