
Првото реми во тековната АФЛ сезона се случи дури во увертирата на деветнаесеттото коло, кога Ричмонд Тигерс и Фриментл Докерс одиграа нерешено со (7.10) 52-52 (7.10).
Двете екипи имаа големи потешкотии со поентирањето на ,,Марвел Стадиум”, особено во второто полувреме, кое гостите го добија со 14-17.
Во завршните минути од средбата, Ричмонд имаше две добри прилики за гол, но исто како и минатиот викенд против Норт Мелбурн Кенгарус, недостасуваше успешна реализација.
Кај ,,Тигрите”, над седум поени имаа четири фудбалери, односно Шеј Болтон (2.0), Џек Риволдт (1.3), Ноа Балта (1.2) и Ноа Кумберланд (1.1).
На спротивната страна, најефикасни поединци во нападот беа Мет Табернер (1.1), Грифин Лог (1.1) и Бејли Банфилд (1.1).
На табелата, Фриментл испушти шанса да се најде на врвот и моментално го држи третото место, додека Ричмонд ја чува осмата позиција.