Mакедонскиот интернационалец Дарко Димитриевски се враќа во Шпанија каде ќе игра во тимот на Ваљадолид заедно со Димитар Димитриоски.
Дарко Димитриевски во последната сезона играше за германскиот Емстеден, но овој клуб испадна во Третата Бундес лига и тој реши да ја смени средината. Матичен клуб на Димитриевски е Борец Велес, а во Македонија играше и за МРК Вардар, Куманово, Металург, додека надвор во Чурго (Унгарија), Хапоел Ашдод (Израел), како и во екипите на Сагунто, Адемар Леон и Синфин Сантандер од Шпанија.