
Во рамките на синоќешната МЛБ програма, Торонто Блу Џејс поставија нов рекорд на франшизата за најмногу постигнати поени на еден натпревар.
Имено, претставниците на Канада дојдоа до четвртата победа во низа, декласирајќи ги Бостон Ред Сокс на домашен терен со 5-28.
Блу Џејс, во седмиот и во осмиот ининг останаа на ,,нула”, но запишаа поени во секоја од преостанатите седум деветтини.
Лурдес Гуриел стана само вториот играч во клупската историја, после Френк Каталаното, кој на една средба имал дури шест удари.
Освен него, во листата на поентерите се запишаа уште: Владимир Гереро Џуниор (х2), Мет Чапман (х3), Алехандро Кирк (х2), Бо Бишет (х3), Теоскар Хернандез (х4), Раимел Тапија (,,внатрешен грен-слем” +1), Сантијаго Еспинал (х4), Дени Џенсен (х4) и Каван Биџо.
Одличната партија на победничкиот состав ја заокружи и стартниот фрлач, Кевин Гаусман, кој освои десет страјк-аути.
Од друга страна, поените за домаќините беа дело на: Кристијан Вазкез (х2), Џеки Бредли Џуниор, Кевин Плавеки и Роб Рефснајдер.
Во Американската лига, Торонто (51-43) скокна на четвртото место, а Ред Сокс (48-46) ја држат осмата позиција.