На 357. дерби на Истанбул, одиграно во рамките на осмото коло од турската Супер лига, Бешикташ и Фенербахче ремизираа со 0-0.
За двете екипи, ова беше 97. меѓусебно реми и прво без голови после 2016.
Во текот на натпреварот, ривалите пружија изедначена игра на преполниот ,,Водафон Парк”, но без посериозни прилики.
На табелата, Бешикташ го зазема шестото место, а Фенербахче е седмопласиран.
Сепак, избраниците на Жорге Жесус имаат натпревар помалку во однос на конкурентите и во случај на победа, би избиле на врвот.