
И покрај својот пораз од 1-2 од страна на Чикаго Вајт Сокс, Сан Диего Падрес успеаја да загарантираат учество во плејофот.
Имено, Падрес (87-72) останаа на петтото место во Националната лига, а во прилог им отиде поразот на Милвоки Бруерс од Мајами Марлинс со 3-4.
На мечот во Калифорнија, Вајт Сокс поведоа со 0-2 со поените на Елвис Андрус (хоум-ран) и на Ендру Воган во шестиот и во седмиот ининг.
Во втората половина од седмиот период, почесен поен за домаќините постигна Ха-Сеонг Ким со единаесеттиот овосезонски хоум-ран.
Во Американската лига, Чикаго Вајт Сокс (79-80) го заземаат осмото место на три натпревари пред крајот на регуларната сезона.




