Во рамките на Примера првенството од новата сезона на домашен терен Селта Виго оствари супер важен триумф над Валенсија со резултат од 2:1. Јунак на натпреварот и најзаслужниот за трите бода на Селта е најдобриот нивен поединец, Јаго Аспас кој беше двоен стрелец.
Најпрвин во 13 минута искусниот напаѓач постигнува гол за водство, но Гомез на спротивната страна носи реми за Валенсија и за крај од слободен удар Јаго Аспас со вистинско ремек дело од слободен удар постигна фантастичен гол за победа и докажа дека е голем фудбалски мајстор. Во прилог погледнете го неговото ремек дело:



