На 22-ри во вторник на националната Арена во Скопје, женскиот национален тим на Македонија ќе одигра квалификациски натпревар против Франција која што е прв фаворит во групата.
Селекторот Кирил Изов пред силниот меѓународен натпревар имаше многу проблеми околу повредени клучни фудбалерки, па со новоповикани се обиде да го ,,закрпи” тимот пред важниот и силен меч.
Сепак проблемите не застануваат тука за селекторот Изов, затоа што околу осум првотимки ќе бидат надвор од националниот тим поради позитивен тест на Корона вирусот и на нивно место се повикани нови млади репрезентативки кои ќе го заземаат нивното место.
Направен е нов тест на останатите во тимот кој поминал во најдобар ред па со сосема нов лик и сили Македонија ќе излезе на мегдан против французинките. Вирусот ги покоси репрезентативките, но барем да биде мотив да се пружи достоен отпор и да се акумулира меѓународно искуство кое ќе послужи за преостанатите квалификациски натпревари.



