Првиот натпревар од најквалитетната светска лига во Т20 крикет, ИПЛ, го одиграа двете најтрофејни екипи – Мумбај Индијанс и Ченај Супер Кингс.
Во пресрет на сезоната, токму овие два тима, заедно со Делхи Капиталс, се најголеми фаворити за титулата.
Ченај со вчерашната победа од 162/9 (20) – 166/5 (19.2) го започна патот кон својата четврта титула.
Најефикасен удирач на Супер Кингс беше Амбати Рајуду со седумдесет и еден поен.
Од фрлачите, три викети со триесет и осум допуштени поени зеде Лунги Нгиди.
Кај Мумбај, сите пет фрлачи освоија по еден викет, а од удирачите, со четириесет и два поени, најдобар беше Саураб Тивари.
За МС Дони, ова беше јубилејната стота победа во ИПЛ како капитен на Ченај.
Хајлајтс од овој натпревар можете да најдете на следниот линк: https://www.iplt20.com/video/206824/m01-mi-vs-csk-match-highlights