сабота, мај 21, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

ОК Струмица Жени со ново дерби и борба за трето место

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
февруари 27, 2021
📁 Спорт

Ако се суди според досегашните резултати, единствената промена на табелата што може да ја донесе шестото коло во Втората фаза-1 од најквалитетната женска македонска одбојкарска лига, се однесува на третото место со оглед дека Вардар жени 2019 и Јанта волеј Кисела вода направија солида предност на водечките две позиции.

Струмица жени ќе го пречека Работнички Скопје со намера да ја забележи осмата првенствена победа, а со тоа да се изедначи со ривалот според тој статистички податок. Доколку го направат тоа со три освоени бода, значи без, или, пак, со само еден загубен сет, тогаш струмичанки ќе исчекорат на третото место, а освојувачот на двојната круна од 2019 ќе биде четврти.

Во трката за врвот се Вардар жени 2019 е фаворит за трет сезонски триумф против Универзитет во Тетово, а во случај епилогот да биде според очекувањата, црвено-црните ќе останат на водечката позиција. Јанта волеј Кисела вода има идентичен ефект, но со два бода помалку, па дури и со максимален успех на теренот на Наковски волеј, втор во меѓусебните соочувања, не би можел да го загрози составот на Вардар жени.

Знаејќи дека Наковски волеј заостанува две победи зад градскиот ривал Струмица жени, пораз од екипата од Киселе вода ќе значи дека шансите за влез во полуфиналето од разигрувањето ќе бидат намалени уште повеќе.

Во Втората фаза-2, Фит фан волеј секако ќе го задржи најдоброто постигнување без оглед дали ќе слави во првата меѓусебна пресметка со Ускана. Дебитантот во лигата е во серија од пет победи, па е во подобра форма од кичевки, кои ги загубија претходните два меча, а со тоа и чекорот со третопласираниот Пелистер волеј.

Во средбата со УГД Студент на свој терен, битолските одбојкарки се фаворитки за шеста сезонска победа, а пред домашниот натпревар со Виктори волеј, Јанта волеј Форца има биланс 7-4 и се наоѓа на втората позиција. Скопскиот состав е во добар ритам затоа што во овој сегмент загуби само од Фит фан волеј, а самодовербата не би требало да е прашање и за Македонија Макс. На гостувањето во Тетово, струмичката екипа ќе игра за четвртиот триумф едноподруго.

Прва лига (жени), Втора фаза -1, (6.коло)

Универзитет во Тетово – Вардар жени 2019 (сабота, 18.00)
Наковски волеј – Јанта волеј Кисела вода (сабота, 18.00)
Струмица жени – Работнички Скопје (сабота, 18.00)

Прва лига (жени), Втора фаза -2, (6.коло)

Фит фан волеј – Ускана (сабота, 12.00)
Јанта волеј Форца – Виктори волеј (сабота, 12.30)
Пелистер волеј – УГД Студент (сабота, 15.00)
Бами Кор – Македонија Макс (сабота, 14.00)
.

Фото: OK Strumica Zeni @strumicazeni 

Извор: Одбојкарска федерација на Македонија @volleyballmk

ShareTweet
Претходна вест

(Фото) Дербито во футсал заврши тензично и со вандалски чин

Следна вест

(ВИДЕО) Ремек-дело на Казим-Ричардс против најлутиот ривал

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија
Фудбал

Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Стружанката Теодора Дукоска на списокот за Медитеранските игри
Ракомет

Стружанката Теодора Дукоска на списокот за Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Ракомет

Стружаните Костески, Кузманоски, Ѓорговски и Симоноски дел од списокот за Медитеранските игри

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Одличниот Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел
Ракомет

Одличниот Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Мај/2022
Следна вест
(ВИДЕО) Ремек-дело на Казим-Ричардс против најлутиот ривал

(ВИДЕО) Ремек-дело на Казим-Ричардс против најлутиот ривал

Последно

Македонија Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија

Стружанката Теодора Дукоска на списокот за Медитеранските игри

Стружаните Костески, Кузманоски, Ѓорговски и Симоноски дел од списокот за Медитеранските игри

Одличниот Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел

Вардар со големо засилување! Потпиша со Дуарте

(Видео) 19 МАЈ 2002- Кометал Ѓорче Петров стана Европски првак

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.