Неделната програма од велосипедската сезона беше исполнета со 119. издание на легендарната еднодневна трка – Париз-Рубе.
Рутата од 257,5 километри доминантно ја помина возачот на ,,Инеос” – Дилан ван Баарле.
Холанѓанецот дојде до третата еднодневна победа во кариерата, а триумфалното време гласеше 5:37:01 часа што претставува нов рекорд на оваа патека.
Во битката за пиедестал учествуваа четири велосипедисти, кои ги одмерија силите во тет-а-тет дуел на завршниот велодром.
Од нив, второпласиран беше Воут ван Аерт (+1:47), како трет заврши Штефан Кунг (+1:47), а без подиум останаа Том Девриндт (+1:47) и Матеј Мохорич (+1:47).
На осум километри пред крајот, подиум во ,,рацете” имаше Ивес Лампер, но поради несовесен гледач, доживеа пад и заврши на десеттата позиција (+2:59).