
Металург Магнитогорск дојде на само чекор од пласман во финалето на КХЛ, откако поведе со вкупни 3-1 во полуфиналето против Трактор Чељабинск.
Во четвртиот меѓусебен натпревар, ,,Лисиците” ги совладаа ,,Мечките” среде Чељабинск со убедлив резултат од 0-6.
Играта на гостите ја красеше неверојатната реализација од 31,58%, односно со погодени 6/19 шутеви.
После првата третина, Металург водеше со 0-3, а потоа додаде еден гол во вториот и два гола во третиот период.
Двоен стрелец за победничкиот состав беше Брендан Лајпсик, а по еднаш погодија Денис Зернов, Николај Голдобин, Филип Маје и Линус Видел.