Од организацијата за Гинисови рекорди информираат дека има најнов соборен рекорд, а се работи за најдолго подводно пешачење во еден здив во машка категорија. Хрватот Борис Милошиќ од Сплит минатата година на 1 март под вода изодел 96 метри.
Сепак Милошиќ се потруди да го собори сопствениот рекорд и овој пат подвигот го завршил за три минути и 34 секунди и го соборил претходниот рекорд за 16 метри. За да ја добие престижната награда, тој морал постојано да ја држи едната нога на подводното тло со што на небе прикачил тегови.