Lada Niva уште од 1977 година важи за едно од најдобрите теренски возила во светот, а доказ за тоа е бројката од дури 2,5 милиони произведени.
Деновиве преку преку локалната руска веб-страница Auto.ru се продава неверојатен примерок од овој теренец произведен во 1980 годин. Овој примерок кој е светло црвен се чува во беспрекорна состојба 43 години, а во тој период поминал само 220 километри. Се продава во рускиот град Тољати, каде што се наоѓа фабриката на Lada. Продавачот за оваа Lada Niva од фотографиите бара дури 23.000.000 рубљи, кои се oколу 265.000 евра!
