Кристијано Роналдо постигна два гола за Јувентус клучни за победа против Интер на „Џузепе Меаца“ во првиот дуел од полуфиналниот двомеч во купот на Италија.
Португалецот беше прецизен во 26. и во 35. минута, а со неговите голови Јувентус направи пресврт, откако Интер поведе со погодокот на Лаутаро Мартинес во деветтата минута. Реваншот ќе се игра во Торино на 9. февруари.