
Најлошата активна серија во МЛБ, која брои девет порази, е во сопственост на Канзас Сити Ројалс.
Имено, синоќа, Ројалс загубија со убедливи 15-1 од Бостон Ред Сокс, кои ја запишаа седмата последователна победа.
Единствениот поен за губитничката екипа падна дури во деветтиот ининг, кога Рајан О’Херн освои четири бази по ударот на Џерод Дајсон.
На спротивната страна, по еден хоум-ран постигнаа Енрике Хернандез, Џеј Ди Мартинез, Дени Сантана и Рафаел Деверс.
Освен нив, во листата на стрелците со трчање се запишаа Хантер Ренфроу (х3), Марвин Гонзалез (х2), Алекс Вердуго и Ксандер Богартс.
Во Американската лига, Бостон (51-31) и понатаму останува на врвот, додека Канзас Сити (33-47) ја држи тринаесеттата позиција.