
Атланта Хокс синоќа загубија со 123-112 од Милвоки Бакс, кои поведоа со вкупни 3-2 во полуфиналето.
Во текот на цел натпревар, односно од првата до последната минута, Бакс имаа двоцифрена предност во своите раце.
Најефикасен од домашниот состав, со 33 поени, беше Брук Лопез, а дабл-дабл забележаа Крис Мидлтон (26 поени и 13 скокови) и Џру Холидеј (25 поени и 13 асистенции).
Кај Атланта, Србинот Богдан Богдановиќ постигна 28 кошеви, а по него, со по 19, следуваа Џоу Колинс и Данило Галинари.
Овој меч беше одигран без ѕвездите на двете екипи, Јанис Антетокумбо (Милвоки) и Тре Јанг (Атланта), кои се здобија со повреди на претходните две средби.