Во рамките на 34 коло во шпанска Примера во дербито на колото помеѓу Атлетик Билбао и Реал Мадрид победата им припадна на гостите со гол од пенал во 72 минута. Сигурен реализатор од белата точка беше Серхио Рамос за кој што ова беше десетти гол во првенството. Реал Мадрид игра во одлична форма и на последните седум натпревари има исто толку победи, а од второпласираната Барселона има седум бода предност.
Пред крајот на мечот гостите имаа неколку зрели шанси да го зголемат водството, но сепак и со овој минимален триумф им е доволен за освојување на трите бода.