Турскиот кошаркарски великан тимот на Фенербахче ја заврши соработката со српскиот трофеен тренер, Жељко Обрадовиќ и по седум успешни сезони, клупата на тимот ќе ја превземе неговиот српски сонародник, Игор Кокошков.
Кокошков е актуелен селектор на Србија, а при тоа е асистент во НБА клубот Сакраменто Кингс. Се работи за квалитетен тренер кој што има 19-годишно искуство во НБА лигата каде што во 2004 година освои и шампионска титула како асистент на Лери Браун за тимот на Детроит Пистонс. Како селектор на Словенија го освои европскиот трон во 2017 година.