Во првиот дуел од конференциското финале на Истокот, Тампа Беј Лајтнинг ги декласираа Њујорк Ајландерс со 8-2.
Хокеарите од Флорида покажаа неверојатна игра и на почетокот на третиот период водеа со 6-1. До крајот паднаа уште три погодоци, кои само испишаа историја.
Тампа Беј е првиот тим што постигнал осум голови во конференциско финале после Чикаго Блекхокс во 1992 против Едмонтон Оилерс.
Брејден Поинт и Никита Кучеров се првите соиграчи со по 5+ поени во конференциско финале Јари Кури и Пол Кофи (Едмонтон Оилерс) во петтиот натпревар во 1985.
Од друга страна, Ајландерс примија 7+ голови во плејофот за првпат после 1984, кога, двапати во финалето беа декласирани од Едмонтон Оилерс.
Стрелци за Ајландерс на овој дуел беа Џордан Еберле и Ник Леди, додека за Лајтнинг погодија Брејден Поинт (х2), Виктор Хедман, Рајан МекДонах, Јани Гурд (х2), Никита Кучеров и Ондреј Палат.