Синоќа, Торонто Блу Џејс им го нанесоа четвртиот пораз во низа на Њујорк Јенкис. Претставниците на Канада славеа со 12-7, а клучен ининг беше шестиот, во којшто забележаа дури десет поени. Токму тогаш, Торонто го постигна и единствениот свој хоум-ран на натпреварот, кој беше ,,грен-слем” на Дени Јансен.
За Блу Џејс, ова беше вкупно осми ининг со 10+ поени во нивната историја и прв после 31 август 2010 против Тампа Беј Рејс.
Јенкис, иако со помалку поени, постигнаа три хоум-рани, а стрелци беа Лук Воит, Арон Хикс и Мигел Андухар.
На табелата на Источната дивизија на Американската лига, Торонто е втор со 23-18, а Јенкис се трети со 21-20.



