
И покрај отсуството на седум играчи, Бруклин Нетс ги поразија Торонто Рапторс со 131-129 после продолжение.
За Нетс (20-8), ова беше четврта победа на последните пет средби, која ги остави на првото место на Истокот.
Од друга страна, со петтиот пораз на девет пресметки, Торонто (13-15) падна на единаесеттата позиција во истата конференција.
Во текот на цел натпревар, двете екипи постојано го менуваа водството, а Рапторс промашија два шута за победа, односно еден во четвртата четвртина и еден во продолжението.
Кај Торонто, дабл-дабл запиша Скоти Барнс (23 поени и 12 скокови), а најефикасен со 31 кош беше Фред ВанВлит.
Од редовите на Бруклин, Кевин Дурент се истакна со трипл-дабл (34 поени, 13 скокови и 14 асистенции), уште 30 кошеви додаде Пети Милс.