
Во дербито на дното на италијанската Серија Б, СПАЛ освои важни три бода во борбата за опстанок.
Имено, во првиот меч од триесет и второто коло, претставниците на Ферара славеа со 1-3 на гостувањето кај Беневенто.
За СПАЛ, првиот триумф после еден месец значеше задржување на осумнаесеттата позиција и доближување на само два поени од плејаут-зоната.
Од друга страна, Беневенто се наоѓа на претпоследното место со мала надеж за останување во второлигашкото друштво.
На мечот, гостите поведоа преку Матео Прати (33′), а четири минути подоцна, за домаќините израмни Даам Фулон (37′).
Во вториот дел, СПАЛ беше поопасен ривал и триумфираше, благодарение на Рафаеле Челија (51′) и на Габриеле Мончини (66′).