Последниот ден од Светското првенство во биатлон беше резервиран за двете трки по масовен старт.
Дамите се тркаа на 12,5 километри, а до првата победа, воедно и до првото злато на СП, дојде Австријката Лиза Тереза Хаузер (36:05,7), којашто беше единствена без ниеден промашај.
Во продолжение следуваа три Норвежанки, од кои, на подиумот завршија Ингрид Ландмарк Тандерволд (+21,7) и Тирил Екоф (+23,0), а во топ 5 се пласираа уште Марте Олсбу Роиселанд (+23,6) и Лиза Витоци (+48,9).
Во машка конкуренција, натурализираниот Словенец, Јаков Фак, беше на чекор до медал, но поради последниот промашен истрел, заврши на петтото место (+30,0).
Наместо него, на трката на 15 километри, до четвртото злато на СП дојде Норвежанецот Стурла Холм Лагреид (36:27,2).
На второто место се пласираше неговиот сонародник, Јоханес Дале (+10,2), а Квентин Фијо Маје (+12,8) се закити со бронза, оставајќи го Симон Едер (+23,1) на четвртата позиција.
📸 ANZE KACIN/AFP via Getty Images