Екипите на Њупорт и на Форест Грин го затворија 30. коло на англиската Лиг 2.
Имено, овој меч беше назначен за дерби на колото, поради фактот дека и двата ривали се наоѓаат во горниот дел на табелата.
Њупорт, иако исклучително ја започна сезоната, бележи послаби резултати во последно време, пред сè поради оштетениот домашен терен, на кој играат и локалните рагбисти.
Играта на тимот од Велс се базира на додавања и на посед што е практично оневозможено на ,,Родни Парејд” во зимскиот период.

Сето тоа одлично го искористија фудбалерите на Форест Грин Роверс, кои славеа со 0-2 и се искачија на второто место на табелата, оставајќи го Њупорт на седмата позиција.
За првиот вегански тим во светот, ова беше трета врзана победа, којашто дојде благодарение на Џош Дејвисон (43′) и на Џамил Мет (63′ од пенал).
📸 bolanarede.pt



