Откако стана стартер на Њу Орлеанс Сеинтс, првиот пик од драфтот во 2015, Џејмис Винстон започна да игра на очекуваното ниво.
Во петтото коло, тој ги предводеше ,,Светците” до победа над Вашингтон ФК од 22-33.
Винстон, на овој натпревар, освои вкупно 306 јарди и притоа постигна четири тачдауни, од кои еден беше ,,хеил-мери” од својата половина.
Од неговите соиграчи, тачдауни постигнаа Маркез Калавеј (х2), Алвин Камара (х2) и Деонте Херис, а одличен меч одигра и пантерот Блејк Гиликин со три пантови во противничките десет јарди.
Кај Вашингтон, два тачдауни со пробивање постигна Антонио Гибсон, а Дастин Хопкинс беше задолжен за останатите шутеви.
Во соработка со НФЛ Македонија