
Актуелните шампиони, Тампа Беј Баканирс, влегоа во новата НФЛ сезона со учинок од 4-1.
Во петтото коло, Баканирс, во битката за превласт на Флорида, ги декласираа Мајами Долфинс со убедливи 45-17.
Неверојатна вонсериска партија одигра Том Брејди, кој со 30/41 прецизни додавања освои 411 јарди и притоа уфрли пет тачдауни.
Од неговите соиграчи, по двапати во листата на поентерите се запишаа Антонио Браун и Мајк Еванс, а по еднаш – Џовани Бернард и Леонард Фурнет.
Долфинс имаа резултатска предност од 7-10 само после првата четвртина, а во текот на цело прво полувреме освоија скромни 10 јарди со пробивање.
Во вториот квартал, на повреда на задната ложа се пожали квотербекот на гостите, Џакоби Брисет, кој и покрај сè одигра солидна партија со 275 освоени јарди од 27/39 обиди.
За ,,Делфините” двапати топката во енд-зоната ја внесе Мајлс Гаскин, кој беше и најдобар тркач и најдобар фаќач на својот тим со вкупно 99 јарди.
Во моментот, Баканирс (4-1) се наоѓаат на првото место во НФК Југ, додека Долфинс (1-4) се последни во АФК Исток.
Во соработка со НФЛ Македонија



