
Шериф Тираспол, односно клубот чијашто вредност е скромни 12 милиони евра според Трансфермаркт, успеа да му нанесе болен пораз на Реал Мадрид од 1-2.
Гостите од Молдавија поведоа во 25. минута, кога дебитантскиот гол во новата средина го постигна Узбекистанецот Јасур Јахшибаев.
Во второто полувреме, Реал ја круниса доминацијата на теренот со голот од пенал на Карим Бензема во 65. минута.
Кога се чинеше дека резултатот ќе остане непроменет, на сцената стапи Себастиен Тил, кој со спектакуларен гол му донесе триумф на потполниот аутсајдер.
Македонскиот интернационалец од редовите на гостите, Бобан Николов, влезе на теренот во судиското продолжение на местото на Димитриос Коловос.
После две кола, Шериф е прв во групата Д со максимални шест бодови пред Реал Мадрид (3), Шахтјор Доњецк (1) и Интер (1).