Вчера беше одиграно одложеното минатосезонско финале на ЕФЛ Трофи во кое, Салфорд на пенали славеше над Портсмут.
Сепак, популарните ,,Емис” беа шампиони само еден ден, бидејќи овогодинешниот финален меч помеѓу Сандерленд и Транмер се одигра денес на ,,Вембли”.
На него, Сандерленд дојде до првата клупска титула во ова натпреварување, откако славеше со 1-0.
Патем, ова беше првиот трофеј за поранешните премиерлигаши уште од сезоната 2006/07, кога беа шампиони на втората лига.
Стрелец на единствениот погодок беше Линден Гуч (57′), кој оваа сезона во лигата има само три голови.
Имено, ,,Црните мачки” имаа само еден шут во рамките на голот, наспроти петте прецизни удари на четвртолигашот Транмер.
На патот до финалето, Сандерленд беше подобар од Олдам (1-2), од Порт Вејл (2-0), од МК Донс (0-3) и од Линколн (2-1 после пенали).
Од друга страна, клубот од Биркенхед ги елиминираше Манчестер Сити У21 (1-2), Лестер У21 (4-2), Питерборо (2-1) и Оксфорд Јунајтед (0-2).
📸 Justin Setterfield/Getty Images