петок, април 16, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Потфрлување на Роглич: Шахман го одбрани врвот на Париз – Ница

Епов Насе ✏️ Епов Насе
март 14, 2021
📁 Останато, Спорт

Една од најпознатите етапни велосипедски трки на француско тло, после Тур д Франс, е дефинитивно Париз – Ница.

Во текот на изминатата недела, беше одржано нејзиното вкупно 79. издание, кое накрај го доби Максимилијан Шахман после неверојатен последен ден.

На првата етапа, Сем Бенет ја продолжи одличната своја серија и триумфираше по третпат во 2021 година, откако претходно освои две етапи на ОАЕ Тур.

На вториот ден, Кеес Бол прв ја помина целната линија, а Бенет, иако беше во водечката група, поради бонификации му го предаде водството во генералниот пласман на Мајкл Метјус.

На третата трка, Штефан Бисегер беше најбрз на хронометарот, задавајќи им заостаток поголем од шест секунди на сите останати натпреварувачи. Аналогно на тоа, Швајцарецот ја презеде зелената маичка од Метјус, кој заостануваше 23 секунди.

Четвртата етапа во целост му припадна на Словенецот Примож Роглич, кој, исто така, убедливо поведе во вкупниот поредок.

На петтиот натпреварувачки ден, Сем Бенет дојде до втората победа во Франција, а еден ден подоцна, истото му појде од рака и на Роглич.

Сепак, Словенецот не застана овде и до крајот ја освои и седмата етапа.

Осмата, а воедно и последната етапа му припадна на Магнус Корт Нилсен. Данецот му зададе заостаток од 3:08 минути на Роглич, кој од првата, падна на петнаесеттата позиција во генералниот пласман.

Од сето ова профитираше Шахман, кој до вчера заостануваше 52 секунди во однос на Роглич, а денес ја одбрани титулата од минатата година.

На второто место во генералниот пласман се пласираше најдобриот млад возач, Александр Власов (+0:19), а трет беше Јон Изагире (+0:23).

Како утешителна награда за Роглич беше зелената маичка за најмногу освоени поени, а како најдобар планински возач заврши Антони Перез.

📸 Bas Czerwinski/Getty Images

Tags: велосипедизамПариз - НицаРогличШахман
ShareTweet
Претходна вест

Ефикасното трио на Индија ја порази Англија

Следна вест

(ВИДЕО) Прва титула за Сандерленд после 2007 година

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Вест Коуст подобар од Колингвуд пред 54 159 гледачи
Останато

(ВИДЕО) Вест Коуст подобар од Колингвуд пред 54 159 гледачи

✏️ Епов Насе
16/Апр/2021
(ВИДЕО) Победа на Бризбејн во јубилејниот 30. меч против Вестерн Сиднеј Вондерерс
Спорт

(ВИДЕО) Победа на Бризбејн во јубилејниот 30. меч против Вестерн Сиднеј Вондерерс

✏️ Епов Насе
16/Апр/2021
(ВИДЕО) Победа во финишот на Њукасл за прекин на лошата серија
Останато

(ВИДЕО) Победа во финишот на Њукасл за прекин на лошата серија

✏️ Епов Насе
16/Апр/2021
(ВИДЕО) Маринерс триумфално против Ориолс во првиот од двата синоќешни натпревари
Останато

(ВИДЕО) Маринерс триумфално против Ориолс во првиот од двата синоќешни натпревари

✏️ Епов Насе
16/Апр/2021
Следна вест
(ВИДЕО) Прва титула за Сандерленд после 2007 година

(ВИДЕО) Прва титула за Сандерленд после 2007 година

Последно

(ВИДЕО) Вест Коуст подобар од Колингвуд пред 54 159 гледачи

(ВИДЕО) Победа на Бризбејн во јубилејниот 30. меч против Вестерн Сиднеј Вондерерс

(ВИДЕО) Победа во финишот на Њукасл за прекин на лошата серија

(ВИДЕО) Маринерс триумфално против Ориолс во првиот од двата синоќешни натпревари

(ВИДЕО) Каролина го надигра Нешвил за враќање на првата позиција

(ВИДЕО) Бостон подобар од Лејкерс во дуелот на најтрофејните НБА екипи

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.