Во рамките на 14 коло од Трета лига – Југозапад, лидерот на табелата и главен фаворит за влез во повисок ранг, тимот на ФК Воска Спорт во ефикасен натпревар ја совлада на ФК Белица со резултат од 4:3.
Претендентот за висок пласман, екипата на ФК Црно Буки на домашен терен стигна до нови три бода против ФК Сатеска со резултат од 3:1 на полувреме беше 2:0. ФК Црно Буки ја продолжи победничката низа и покажа дека нивните резултати не се сосема случајни тутку дека се работи за сериозна екипа во првенството и сосема заслужено е при врвот на табелата.



