
Во главната ждрепка на првиот грен-слем турнир во 2022, Австралијан Опен, со нова шампионска круна ќе влезе домашниот тенисер – Танаси Кокинакис.
Имено, Австралиецот ја освои првата титула во кариерата, откако денес, на АТП турнирот во Аделаид, го совлада Артур Риндеркнех во финалето.
Финалната битка траеше два часа и четириесет минути, а Кокинакис триумфираше со 2-1 после пресврт (7-6, 6-7, 3-6).
Во првиот сет, Французинот Риндеркнех славеше со 7-6, добивајќи го тај-брејкот со 8-6 во своја корист.
Втората партија се одвиваше во иста насока, но Кокинакис израмни на 1-1, добивајќи го одлучувачкиот тај-брејк со 7-5.
На стартот на третиот сет, шампионот го направи првиот брејк, а со добиен гем на противничкиот сервис го заврши и натпреварот со 6-3.
Од друга страна, во Сиднеј, титула освои и Аслан Карацев, кој го порази Енди Мареј со 2-0 (6-3, 6-3).




