
Вториот спуст во Венген, Швајцарија, во само два дена, го освои Австриецот Винсент Крихмајер (2:26,09), кој беше најбрз на патеката од 4,4 километри.
Домашниот натпреварувач, Беат Фојц (+0,34), го освои второто место и ја израдува домашната публика.
На третото место се пласираше Италиханецот Доминик Парис (+0,44), кој го презеде водството во поредокот во спуст.
Лидерот во генералниот пласман, Марко Одермат (+0,46), остана без пиедестал за само две стотинки, а позади него се најде Матијас Мајер (+0,51).
Сензационалниот победник од Вал д’Изер од минатата сезона, Словенецот Мартин Чатер (+0,66), го искористи нискиот стартен број и го освои својот најдобар резултат во 2021/22 – шестата позиција.
Вчерашниот победник, Александер Омодт Килде (+0,98), беше седми, односно последен со заостаток под една секунда.
Целата трка беше одбележана со емоционалното испраќање во пензија на олимпискиот шампион од 2010, Карло Јанка, кој излезе на патеката за последен пат во кариерата на домашен терен.




