
За првпат во тековната сезона, актуелните вицешампиони, Мотреал Канадиенс, успеаја да поврзат четири триумфи.
Синоќа, претставниците на Канада славеа со навидум убедливи 4-0 против Бафало Сабрес, иако беа инфериорни во поголемиот дел од мечот.
Двоен стрелец за победничкиот состав беше Ник Сузуки, а по еднаш, во листата на стрелците се запишаа Кол Кофилд и Џејк Еванс, кои стрелаа во третата третина.
Голманот на Канадиенс, Самуел Монтембол, имаше 32/32 одбранети шутеви, доволни за дебитантскиот шут-аут во својата НХЛ кариера.
И покрај победата, Монтреал остана на дното на Источната конференција, додека Бафало е две позиции погоре.