Новајлијата во Чемпионшип, Питерборо Јунајтед, се наоѓа во сериозна резултатска криза, која кулминираше со заминувањето на тренерот Дарен Фергусон (син на Сер Алекс Фергусон).
Во триесет и четвртото коло од втората англиска лига, популарните ,,Пош” беа поразени со 2-1 од Фулам.
Двоен стрелец за победничкиот состав беше Александар Митровиќ (28′ од пенал, 62′), кој дојде до триесет и третиот погодок во сезоната.
Воедно, оваа бројка претставува нов рекорд на Чемпионшип за постигнати голови во една сезона, иако до крајот има уште четиринаесет натпревари.
Од друга страна, за Питерборо погоди Џек Мериот (89′), кој се врати во тимот по авантурите во Дерби Каунти и во Шефилд Венздеј.
На табелата, Фулам остана во водство, додека Питерборо ја зазема претпоследната позиција.