Десното крило Никола Костески кој сезонава е дел од екипата на Холабрун од Австрија каде настапува уште поранешен македонскиј репрезентативец, Влатко Митков од налето ќе има нов предизвик. Тој денес потпиша за шампионот на Чешка екипата на Талент Плзен и во наредната сезона ќе биде нивни ракометар.
Костески потекнува од екипата на РК Струга, а во својата кариера го носеше дресот на Металург со кој играше неколку сезони во Лигата на шампионите, Селка (Турција), Татран (Словачка), а последните две сезони беше дел од Линц (Австрија).




