
Во рамките на Светскиот куп во крос-кантри, во Драмен (Норвешка), беа одржани спринтовите во машка и во женска конкуренција.
Кај дамите, на домашен терен, после огромна борба, до дваесет и втората победа стигна Маикен Касперсен Фала (2:52,31).
На втората позиција заврши победничката на спринтот од Лахти, Јона Сундлинг (+0,53), а Словенката Анамарија Лампич (+1,97) го освои четвртиот подиум во сезоната со денешното трето место.
Во големото финале учествуваа уште: Маја Далквист (+4,19), Ана Дивик (+4,54) и Надин Фендрих (+4,60).
Во машка категорија, најдобриот од квалификациите, од четвртфиналето и од полуфиналето, беше најдобар и во финалната трка.
Имено, до првата победа во кариерата стигна Французинот Ришард Жув (2:32,90), а историја за кинеското крос-кантри испиша Чианг Ванг (+1,50), кој дебитираше на подиумот.
На третото место се пласираше уште еден Французин, Лука Шанава (+2,30), а без пиедестал останаа Сиверт Вииг (+3,10), Федерико Пелегрино (+5,30) и Паал Треан Ауне (+11,30).