Четвртиот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во биатлон се одвиваше во австрискиот Хохфилцен по вторпат во низа. По вчерашните потери, на денешната програма беа трките со масовен старт.
Во машката конкуренција, Арнд Пајфер ја запиша својата прва победа во масовен старт, откако на искуство, во финишот го доби Мартин Понсилуома (+1,3), кој притоа имаше и еден промашај, но сепак го освои најдобриот личен пласман во кариерата. Тарјеи Бо го комплетираше подиумот (+9,3), а во топ 10 се пласираа Бенедикт Дол (+11,7), Емилијен Жакелан (+22,4), Стурла Холм Лагреид (+25,0), Јоханес Тингнес Бо (+25,9), Себастијан Самуелсон (+29,3), Квентин Фијо Маје (+32,4) и Александер Логинов (+32,8).
Кај дамите, од првите десет, сите имаа по најмалку еден промашај, освен десеттопласираната Јанина Хетих (+56,5). Сепак, до победата стигна Марте Олсбу Роиселанд (34:05,4), пред сонародничката Тирил Екоф (+14,0), односно пред актуелната шампионка Доротеа Вирер (+26,9). Освен освојувачките на подиумот и гореспоменатата Хетих, во првите десет се пласираа уште: Маркета Давидова (+33,0), Денизе Херман (+36,6), Елвира Оберг (+42,4), Жулија Симон (+47,8), Лиза Тереза Хаусер (+49,2) и Франциска Пројс (+49,2).



