Вториот овосезонски натпреварувачки викенд од Светскиот куп во нордиска комбинација во машка конкуренција се одвиваше во австрискиот Рамзау.
После првата серија, водечкиот во генералниот пласман, Јарл Магнус Риибер, скокна 98 метри и ја зазеде првата позиција. Во однос на него, во пресрет на трчањето на десет километри, до десет секунди заостануваа Јошито Ватабе (+0:06), Акито Ватабе (+0:09) и Еспен Бјорнштад (+0:10).
Во втората серија, по вторпат во низа, Риибер ја изгуби стартната предност од Винценц Гајгер. Германецот повторно при трчањето го совлада Норвежанецот, кој доцнеше само две десетинки од секундата. На третото место заврши Фабијан Рисле (+5,0), а во продолжение следуваа: Лукас Грајдерер (+10,0), Јоханес Лампартер (+11,0), Ерик Френцел (+24,1), Мануел Фаист (+32,7), Еспен Бјорнштад (+40,6), Акито Ватабе (+41,0) и Јенс Лураас Офтебро (+43,5).