
На денешната трка во супервелеслалом во женска конкуренција од Светскиот куп во алпско скијање, до првиот триумф во кариерата стигна Роман Мирадоли (1:19,87).
Французинката беше најбрза на изискателната патека во Ленцерхајде (Швајцарија), поставена од тренерот на Петра Влхова – Мауро Пини.
Во ,,стапицата” на Пини се фатија повеќе фаворитки, а неговата ,,ученичка” заврши на осумнаесеттата позиција (+3,31).
Со оглед дека Микаела Шифрин (+0,38) се искачи на втората позиција, Петра Влхова падна на второто место во генералниот поредок токму зад Американката.
Подиумот на денешната трка го комплетираше Лара Гут-Бехрами (+0,88), а само две стотинки зад неа заврши Марта Басино (+0,90).
Заостаток под една секунда имаше уште Рагнилд Мовинкел (+0,94), а во првите десет се пласираа Теса Ворли (+1,37), Кира Вајдле (+2,02), Мишел Гизин (+2,04), Федерика Брињоне (+2,20) и Лаура Гош (+2,20).
Со новите бодови, Брињоне го обезбеди малиот кристален глобус во супервелеслалом за тековната сезона.




