
Синоќа, за првпат после 7 јули 2018, Детроит Тигерс ги поразија Тексас Ренџерс, триумфирајќи со 3-7.
На мечот, во четвртиот, во шестиот и во осмиот ининг, ,,Тигрите” стекнаа капитална предност од 0-7, која беше само намалена во последниот период.
Сите три поени на домаќините паднаа преку хоум-ран, односно топката на трибините ја однесоа Џои Гало и Јохан Хајм, а Нејт Лоу освои четири бази.
Освен нив, позитивна алка беше само фрлачот Колби Алард, кој освои девет страјк-аути за 5.1 ининзи.
На спротивната страна, хоум-ран забележа само Зек Шорт, а со трчање поентираа Мигел Кабрера (х2), Хаимер Канделарио, Роби Гросман (х2) и Номар Мазара.
Во Американската лига, Ренџерс (33-52) се претпоследни, а Тигерс (39-46) ја заземаат дванаесеттата позиција.