
Македонскиот фудбалски интернационалец, Езѓан Алиоски, го носеше дресот на англискиот премиерлигаш, Лидс Јунајтед, во изминатите четири години.
Имено, Алиоски дебитираше за Лидс на 6 август 2017 во победата од 3-2 над Болтон, а досега одигра 171 натпревар, на кој постигна 12 голови.
Во 2019/20 одигра 39 лигашки натпревари и му помогна на клубот од Јоркшир да се врати во прволигашкото друштво после цели 16 години.
Сепак, по истекот на договорот, двете страни не успеаја да најдат заедничко решение што резултираше со заминување на Алиоски.
Неговата нова средина засега е непозната, а Лидс со емоционално видео му се заблагодари на 29-годишниот офанзивен бек.