
Последниот натпреварувачки ден од Светскиот куп во биатлон беше комплетиран со трките со масовен старт.
Во женска конкуренција, до четвртата победа во кариерата дојде олимписката шампионка од Пекинг 2022, Жистин Бреза-Буше (35:20,8), која имаше два промашаи исто како и наредните пет скијачки позади неа.
Втората позиција и’ припадна на Франциска Пројс (+7,8), додека третопласирана беше новата освојувачка на Светскиот куп – Марте Олсбу Роиселанд (+8,6).
Пласманот во топ 5 го комплетираа двете најдобри Швеѓанки, Лин Персон (+13,6) и Елвира Оберг (+13,7), а под петнаесет секунди доцнеа уште Ингрид Ландмарк Тандерволд (+14,1) и Денизе Херман (+14,5).
Кај мажите, првиот триумф во кариерата го оствари Сиверт Гуторм Бакен (38:31,2) пред Стурла Холм Лагреид (+0,5), кој го освои генералниот поредок за скијачи под 25 години.
На третата позиција заврши Емилиен Жакелан (+13,4), а Германците Ерик Лесер (+21,6) и Филип Наврат (+31,5) беа четврти и петти.




