четврток, мај 26, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Најефикасни македонци во Европа: Kостески убедливо прв и со најдобар просек! Потоа следуваат Попоски, Пешевски и Ончев…

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
март 20, 2022
📁 Ракомет

Maкедонските ракометари играат одлична сезона во лигите низ Европа во кои настапуваат. Тимот на www.javisejuzna.mk направи преглед на поголем дел од нив колку тие погодуваат и каков е нивниот процент на реализација.

Убедливо најефикасен македонец е стружанецот Никола Костески кој годинава игра во втората Австриска лига во тимот на Холабрун кој успеа да избори плеј-оф и шанса да се бори за пласман во најсилната лига. Тој успеа да ја одржи одличната форма и оваа сезона каде има дадено 106 голови на 17 мечеви или просек од преку 6,24 гола по меч. Процентот на реализација му е истотака одличен 88,33% (106 голови од 120 удари).

После Костески на листата на најдобри стрелци е десното крило Владимир Темелков кој сеуште не старее и со 100 гола на 17 натпревари или 5,88 по натпревар во првенството на Луксембург за тимот на Каерјенг има одлична сезона.

Потоа на листата на најдобри македонски стрелци во Европа е десното крило Мартин Поповски кој игра во најсилната Швајцарска лига со 68 голови на 23 меча или просек од 2,95 голови по натпревар.

После овие двајца на третото место доаѓаат Жарко Пешевски и Тоше Ончев со по 65 голови. Пешевски има постигнато 65 голови на 23 меча во Најсилната лига на светот Бундеслигата со процент на реализација од 66,33%.

Македонецот Тоше Ончев сезонава игра одлично во тимот на Тримо Требње од Словенија и досега има постигнато 65 голови на 16 мечеви или 4,06 по натпревар.

После нив следи десниот бек Влатко Митков кој игра во тимот на Холабрун заедно со Костески. Митков има постигнато 63 голови сезонава на 17 мечеви или просек од 3,71 гол по натпревар.

Селекторот Кире Лазаров со 42 години кој игра во тимот на Нант во најсилната француска лига сезонава има 53 гола на 19 меча или просек од 2,79 гола по натпревар.

После Лазаров на листата на најефикасни е уште еден наш репрезентативец кој игра во најсилната лига на светот – Филип Кузманоски. Кузманоски оваа сезона има постигнато 47 голови на 21 натпревари со просек од 62,67%.

Мора да напоменеме дека на оваа листа фали фантастичниот Дејан Манасков кој лани имаше 111 голови на 21 натпревар во унгарската лига во тимот за Веспрем. Но годинава поради повреда е спречен да го повтори тоа достигнување.

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) МекГрат најбрз во Мерибел: Кристоферсен шампион во слалом за 2021/22

Следна вест

(ВИДЕО) Прва победа за Бакен и славје на Бреза-Буше за крај на сезоната

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Вардар го совлада Тиквеш и е на чекор до Ф4
Ракомет

Вардар против Тиквеш ќе ја прослави титулата

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Мај/2022
Ѓорче го освои Куманово и е многу блиску до шампионска титула
Ракомет

Ѓорче го освои Куманово и е многу блиску до шампионска титула

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Мај/2022
Металург лесно во дербито со Ѓорче, Јовановска блескаше на голот на Куманово
Ракомет

Делиоска блескаше со 13 голови, сепак Чаир славеше победа

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Мај/2022
Митков и Костески постигнаа 15 голови за победа на Холабрун
Ракомет

Костески и Митков одлични во ремито на Холабрун

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Мај/2022
Следна вест
(ВИДЕО) Прва победа за Бакен и славје на Бреза-Буше за крај на сезоната

(ВИДЕО) Прва победа за Бакен и славје на Бреза-Буше за крај на сезоната

Последно

Вардар против Тиквеш ќе ја прослави титулата

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)

Новиот англиски шестолигаш доведе солидно засилување на тренерската позиција

(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани

(ВИДЕО) Њујорк Ренџерс ја израмнија серијата против Каролина Хурикејнс

(ВИДЕО) Дончиќ со дабл-дабл ја спаси првата ,,меч-топка” на Голден Стејт

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.