вторник, јануари 19, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Прва победа во плејофот за Кливленд после 1995

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јануари 11, 2021
📁 Останато, Спорт

За првпат после 1 јануари 1995, кога Њу Ингланд Патриотс беа совладани со 20-13, екипата на Кливленд Браунс успеа да оствари победа во плејофот.

Имено, ,,кафеавите” синоќа беа подобри од дивизиските ривали, Питсбург Стилерс, со 37-48 во натпревар каде што имаа резултатска позитива уште од самиот старт.

Уште при воведните акции, Стилерс направија сериозна грешка во изведувањето на топката што резултираше со противнички тачдаун на Карл Џозеф.

Освен него, Кливленд постигна уште три тачдауни во првата четвртина за капитална предност од 0-21, а поентери беа Џарвис Лендри и Карим Хант (×2).

На полувремето, резултатот гласеше 10-35, откако Џејмс Конер и Крис Босвел додадоа поени за Стилерс, а Остин Хупер за Браунс во втората четвртина. Со овие цифри, Браунс влегоа во историјата како најефикасен гостински тим во плејофот во првото полувреме од еден натпревар.

Во второто полувреме, поразот на Питсбург го ублажија Ерик Иброн, ЏуЏу Смит-Шустер и Чејс Клејпул (×2), а Ник Чаб и Коди Парки постигнаа поени на спротивната страна.

Сезоната на Стилерс што почна со серија од 11-0 заврши неочекувано уште во вајлд-кард рундата во плејофот.

Од друга страна, Браунс, наредниот викенд, во конференциското полуфинале, ќе се соочат против актуелните шампиони – Канзас Сити Чифс.

📸 Sportsnet

Во соработка со НФЛ Македонија

Tags: Американски фудбалКливлендНФЛПитсбург
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Инглиш на тронот после 2013: Освоен Турнирот на шампионите

Следна вест

(Фото) Бабунски официјализираше договор со романски Виторул

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на зимските и на англиски фудбал.

Слични вести

(Видео) Двојна спектакуларна одбрана на Шекели во Египет
Ракомет

(Видео) Двојна спектакуларна одбрана на Шекели во Египет

✏️ Предраг Јанчески
19/Јан/2021
Норвешкото ,,Торпедо” прв фаворит за најдобар стрелец на Мундијалот
Ракомет

Норвешкото ,,Торпедо” прв фаворит за најдобар стрелец на Мундијалот

✏️ Предраг Јанчески
19/Јан/2021
Дербито на Емилија-Ромања помина во знакот на СПАЛ
Останато

Дербито на Емилија-Ромања помина во знакот на СПАЛ

✏️ Епов Насе
18/Јан/2021
(ВИДЕО) Колумбус победи за првпат во новата сезона
Останато

(ВИДЕО) Колумбус победи за првпат во новата сезона

✏️ Епов Насе
18/Јан/2021
Следна вест
(Фото) Бабунски официјализираше договор со романски Виторул

(Фото) Бабунски официјализираше договор со романски Виторул

Последно

(Видео) Двојна спектакуларна одбрана на Шекели во Египет

Норвешкото ,,Торпедо” прв фаворит за најдобар стрелец на Мундијалот

Дербито на Емилија-Ромања помина во знакот на СПАЛ

(ВИДЕО) Колумбус победи за првпат во новата сезона

(ВИДЕО) Кевин На го освои ,,Сони Опен” на Хаваи

КИРЕ ВЕЛИКИ неверојатен со 8 гола и 10 асистенции (Македонија – Чиле низ бројки)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.