
Синоќа, за првпат во 2022, Њујорк Ајлендерс запишаа победа над Чикаго Блекхокс, откако славеа со 1-3.
При крајот на првата третина, Андерс Ли им донесе предност на гостите при пауер-плеј ситуација, а на стартот на третиот дел, Брок Нелсон зголеми на 0-2.
На десет минути пред крајот, Џонатан Тјус стрелаше за Чикаго, но во последната минута, Зек Парис го постави конечниот резултат на празна мрежа.
Во Источната конференција, Ајлендерс го заземаат осмото место, додека Блекхокс се деветти на Западот.