
Во заостанатото осмо коло од англиската Национална лига, Торки Јунајтед го декласира Алдершот со 6-1.
За претставниците на крајниот англиски Југозапад, ова беше само трета победа сезонава и петта во низа над истиот ривал на домашен терен.
На мечот, Торки ја имаше целосната контрола во свои раце и со по три погодоци и во двете полувремиња ја прекина низата од три победи на Алдершот.
За гостите, единствен стрелец беше Томи Вилард (81′), додека за домаќините, хет-трик постигна Арон Џарвис (8′, 46′, 87′), а по еднаш реализираа Том Лапсли (19′), Вил Гудвин (29′) и Аса Хол (48′).
На табелата, Торки и понатаму го зазема последното место, додека Алдершот остана на петнаесеттата позиција.